септември 22, 2026

Посета на Дневниот центар „Пролет“

На 22 септември 2026 година, волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираа посета на Дневниот центар за лица со попреченост над 18 години „Пролет“ при Црвен крст на Град Скопје.

Во рамките на посетата беа реализирани активности преку друштвени игри, цртање и креативно дружење, со цел поминување квалитетно и исполнето време во пријатна атмосфера.

Преку ваквите активности се поттикнуваат дружењето, социјалната интеракција и создавањето позитивни искуства.

< врати се назад