
мај 9, 2026
Регионален натпревар по Прва помош
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар, со екипата од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, денес учествуваше на Регионалниот натпревар по Прва помош, во организација на ООЦК Прилеп.
Нашиот тим уште еднаш покажа дека посветеноста, знаењето, дисциплината и тимската работа се клучот до успехот.
Повторно го освоивме
првото место на Регионалниот натпревар по Прва помош!
Горди сме на секој член од екипата што со својата енергија, труд и хуманост достојно ја претстави нашата организација. ![]()
Искрени честитки и благодарност до домаќините за одличната организација и професионално реализираниот натпревар.
Продолжуваме понатаму – мотивирани, обединети и подготвени за нови успеси!














































