февруари 2, 2026

Црвен крст во служба на безбедноста во училишните спортови

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар учествува во реализацијата на спортските училишни игри „Лига Центар 2026“, во организација на Општина Центар, преку ангажман на свој Тим по прва помош.

Тимот е составен од обучени лица за укажување на прва помош, кои досега интервенирале 10 пати на 10 реализирани еднодневни спортски настани, придонесувајќи за безбедноста и здравјето на учесниците.

Спортските настани во рамки на Лига Центар 2026 ќе продолжат да се реализираат до крајот на април 2026 година, а Општинска организација на Црвен крст Центар и понатаму ќе биде присутна таму каде што е најпотребно.

< врати се назад