октомври 19, 2026

Црвениот крст во борба против трговијата со луѓе

По повод одбележувањето на 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Црвениот крст на Република Северна Македонија, како член на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, и оваа година се вклучува во активностите за подигнување на јавната свест за овој сериозен општествен проблем.

На ден 19.10.2026 година, во ПСУ „Алгоритам“, врснички едукатор од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, спроведе врсничка едукација на тема „Борба против трговијата со луѓе“.

Преку едукативна игра беа претставени можни сценарија поврзани со трговијата со луѓе, при што учениците дискутираа и учеа како правилно да постапат доколку се најдат во слични ситуации. На овој интерактивен начин, тие имаа можност да ги препознаат потенцијалните опасности и ризици, да размислуваат критички и да научат како да ја заштитат сопствената безбедност како и со важноста на навременото информирање, и меѓусебната поддршка.

Со ваквите активности, Црвениот крст продолжува активно да придонесува кон едукација на младите, подигнување на свеста и градење општество во кое секој човек е заштитен од експлоатација и злоупотреба.

< врати се назад