ноември 10, 2025

Волонтер на месецот – Октомври

Со голема благодарност и гордост го издвојуваме нашиот волонтер на месецот во Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар.

Ана иако многу млада, е пример за ентузијазам, посветеност и несебичност. Во текот на месец октомври таа беше најактивна во многубројните волонтерски активности, а особено се истакна во процесот на изработка и подготвување на пакетите со храна за социјално загрозени семејства.

Нејзината волја да придонесе, желбата да научи и искрената емпатија ја прават вистинска инспирација за сите нас

Ана, ти благодариме што ја носиш хуманоста како вредност и ја споделуваш со заедницата. Продолжи да инспирираш!

< врати се назад