
март 11, 2026
Волонтери на месец Февруари
Изборот за волонтер на месецот никогаш не е едноставен, а за месец февруари 2026, според изработените волонтерските часови беше невозможно да се истакне само една личност.
Поради посветеноста, трудот и енергијата што ја вложуваа во секоја активност изминатиот месец, признанието Волонтер на месец Февруари 2026 го доделуваме на две наши волонтерки, Нина Николова и Аниса Мемети.
Нивната хуманост, одговорност и позитивна енергија се вистински пример за тоа што значи да се биде дел од Црвениот крст.
Им упатуваме голема благодарност за нивниот труд и придонес. Продолжете да бидете инспирација за сите нас.












































