септември 14, 2026

Време е за акција. Време е да ставиме крај на туберкулозата.

Недела на борба против туберкулозата е можност да ја подигнеме свеста за една од најзначајните заразни болести во светот и да потсетиме дека превенцијата, раното откривање и навременото лекување спасуваат животи.

Што е туберкулоза?

Туберкулозата (ТБ) е заразно заболување предизвикано од бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Најчесто ги зафаќа белите дробови и се пренесува преку воздухот при кашлање, кивање и близок контакт.

Внимавајте на симптомите:

• долготрајна кашлица

• покачена температура

• ноќно потење

• замор и губење на тежината

• искашлување, понекогаш и со крв

Превенцијата е заедничка одговорност.

Вакцинацијата, навременото препознавање на симптомите и правилното лекување се важни мерки за спречување на ширењето на туберкулозата.

И покрај напредокот во борбата против ТБ, болеста сè уште претставува глобален здравствен предизвик. Затоа е важно да продолжиме со информирање, превенција, рано откривање и поддршка на лицата кои се соочуваат со болеста.

< врати се назад