
ноември 19, 2025
Заедно во борба против гладта
Како и секоја година, Комерцијална Банка АД Скопје со своите вработени ја поддржаа кампањата за Борба против гладта, со која повторно го докажуваме значењето на солидарноста и заедничкото делување.
Вработените од Комерцијална банка со голема хуманост донираа прехранбени производи, од кои беа подготвени 70 пакети со храна.
Во соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар, дел од пакетите беа дистрибуирани до пензионери со ниски примања, а дел со поддршка од локалната заедница – и до социјално загрозени семејства.
Заедно покажавме дека секој гест на добрина создава голема разлика.
Продолжуваме да помагаме – затоа што хуманоста не познава граници.












































