
Зелен волонтеризам
На 14.10.2026 година, група волонтери од Клубот на млади при Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, воедно и ученици во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, реализираа еколошка акција за чистење на училишниот двор.
Во рамки на акцијата, собраниот отпад беше соодветно селектиран, при што отпадот наменет за рециклирање беше одвоен, а отпадот што не може да се рециклира беше уредно собран во црни кеси.
Со ваквите активности продолжуваме да ја подигнуваме свеста за значењето на заштитата на животната средина, правилното селектирање на отпадот и создавањето почиста и поздрава околина за сите нас.
Малите дела прават големи промени! Заедно градиме еколошки свесни генерации и даваме пример дека грижата за природата започнува од нас самите.

















































